Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

управни работи
Издавање на патна исправа
Издавање на патна исправа ако е изгубена или исчезната
Издавање на патна исправа ако е пополнета или оштетена
Издавање на патна исправа на малолетни лица
Издавање возачка дозвола
Издавање на итна возачка дозвола
Издавање на дупликат возачка дозвола
Издавање на возачка дозвола за велосипед со помошен мотор
Издавање на инструкторска возачка дозвола
Издавање на лична карта
Издавање на сообраќајни дозволи
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
Видови барања предвидени со Законот за оружје
Заверка на категорија во возачка дозвола
Замена на возачка дозвола поради дотраеност или оштетеност
Замена на возачка дозвола со измината важност
Замена на странска возачка дозвола
Постапки за стекнување државјанство на РМ
Пријавување на живеалиште и престојувалиште
Пријавување промена на место на живеење на возачот
Постапка за промена на личното име
Регистрација на возила
Детективска дејност
Агенции за обезбедување на лица и имот
Странци

  
Регистрација на возила

Управниот дел на сообраќајот спаѓа во делокругот на работата на Одделението за сообраќај. Помеѓу останатото, Одделението за сообраќај ги решава поднесените барања од областа на регистрација на возилата и издавањето на возачките дозволи. Во тие рамки, потребно е да се знае дека при регистрација на возило или издавање на возачка дозвола се поднесуваат одредени писмени докази со кои се докажува исполнетоста на условите пропишани со прописите.

Пооделно, во секоја од постапките, потребно е да се поднесат следните писмени докази:

   1. РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВО МОТОРНО ИЛИ ПРИКЛУЧНО ВОЗИЛО

      Барање за регистрација се поднесува лично, до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.
      Покрај личната карта, односно известувањето за распоредување на правното лице, се приложува:
                      
          * фактура за новокупеното возило;                    
          * доказ за регулирани царински  и даночни обврски за возилото, полиса за задолжитено осигурување и докази за подмирени други  давачки при регистрацијата (надоместок за користење на јавните патишта, комунална такса,  административнa таксa и и др.)                      
          * доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија и                     
          * доказ за техничка исправност на возилото.

Доколку возилото технички е исправно, овластените контролори барањето за регистрација на возилото го потпишуваат и заверуваат во делот за извршениот технички преглед и со целокупната документација се упатува на шалтерот за регистрација на моторни и приклучни возила каде што  ќе  издадат сообраќајна дозвола и регистарски таблици за возилото.

ВНИМАВАЈ:  Доказот за техничка исправност на возилото не може да биде постар од 30 дена.
Сообраќајна дозвола чини    200,00 денари
Регистарските таблици      1.200,00  денари

СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА ВАЖИ 1 ГОДИНА

ВНИМАВАЈ: Ако во рок од 30 дена од денот на истекот на важењето на сообраќајната дозвола не се поднесе барање за продолжување на регистрацијата, возилото се брише од евиденцијата на регистрираните возила, а регистарските таблици се одземаат, односно истите му  се враќаат на органот кој возилото го регистрирал.

   2. РЕГИСТРАЦИЈА НА УПОТРЕБУВАНОМОТОРНО ВОЗИЛО НАБАВЕНО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


      Лично се поднесува барање за регистрација на еден од шалтерите во станиците за вршење на технички преглед на моторни возила и приклучни возила или МВР при што треба да се приложи:
          * лична карта, односно известување за распоредување, ако новиот сопственик  на возилото е правно лице;
          * сообраќајна дозвола за возилото, договор за купопродажба склучен со лицето кое фигурира на сообраќајната дозвола  заверен од нотар или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста;
          * доказ за извршена одјава на возилото кај органот кој претходно го регистрирал;
          * ќе се платат пропишаните такси и цената на чинењето на новата сообраќајна дозвола, а ако на возилото му истекнала важноста на регистрацијата, и износите на име технички преглед на возилото, осигурување, надоместоци и други пропишани давачки при регистрација.

НАПОМЕНА:Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не било пререгистрирано, тогаш се приложуваат и договорите за купопродажба на возилото склучени помеѓу сопственикот на возилото запишан во сообраќајната дозвола и сите подоцнежно извршени купопродажби на истото до последниот сопственик.
ВНИМАВАЈ ВАЖНО Е ДА  СЕ ЗНАЕ:
СИТЕ ПРОМЕНИ НА ВОЗИЛОТО ИЛИ ПРОМЕНИ НА ЗАПИШАНИТЕ  ПОДАТОЦИ ВО СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ  СПОРЕД ЖИВЕАЛИШТЕТО, ОДНОСНО СЕДИШТЕТО

   3. РЕГИСТРАЦИЈА НА УПОТРЕБУВАНО МОТОРНО ИЛИ ПРИКЛУЧНО ВОЗИЛО НАБАВЕНО ВО СТРАНСТВО


      На еден од шалтерите во станиците за технички преглед на моторни и приклучни возила или МВР лично се поднесува барање за регистрација на употребувано моторно или приклучно возило кое било увезено од странство.
      При тоа се приложува:
          * лична карта, односно известување за распоредување ако возилото е сопственост на правно лице;
          * странска сообраќајна дозвола за возилото и писмен доказ за извршена одјава на возилото во земјата во која предходно било регистирано;
          * договор за купопродажба на возилото или друга соодветна исправа со која  се докажува извршената  промена на сопственоста;
          * доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото;
          * доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија;
          * доказ за техничка исправност на возилото кој не може да биде постар од 30 дена;
          * ќе се платат пропишаните такси и надоместоци, за регистрација на возило како и износот на име цена на чинење на образецот на сообраќајната дозвола и регистарските таблици.

НАПОМЕНА: Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не  било пререгистрирано, тогаш ќе се приложат и договорите за купопродажба на возилото извршени помеѓу сопственикот на возилото запишан во странската сообраќајна дозвола и сите подоцнежни сопственици,  до  последниот сопственик.
       
Контакт информации    

Ибраим Беќири  помошник министер во Оддел за граѓански работи 

Ненад Ѓорѓијевски  началник во Одделение за возила и возачи

документи
 
Формулар
Регистрационен лист за регистрација (668 KB), 08.11.2011, МВР

Формулар
Уплатница за испитување на возилото (247 KB), 08.11.2011, МВР

Формулар
Изработка на регистарски таблици (113 KB), 08.11.2011, МВР

Формулар
Барање за регистрација на моторно-приклучно возило (1015 KB), 08.11.2011, МВР

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава