ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ
ЗАМЕНА НА СТРАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
Кон барањето се приложува
*Важечка лична карта
*оригинална странска возачка дозвола која е во важност
*превод на македонски јазик и заверен на нотар
*доказ за престој најмалку шест месеци во земјата во која е издадена странска возачка дозвола
*ако од текстот на странска возачка дозвола неможе да се утврди кои моторни возила може да управува возачот потребно е истиот да приложи исправа издадена од органот што ја издал странската возачка дозвола со објаснување за кои моторни возила е издадена.
*лекарско уверение за телесна и душевна способност на возачот издадена од лекарска комисија
*уплатница 280,oo ден
*уплатница 110,oo ден
НАПОМЕНА: Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:
*пријава за возачка книшка
*уплатница од 100,oo ден
*фотокопија од лична карта
*2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм
НАПОМЕНА
За лица со навршени 65 (шеесет и пет) години во било која постапка за издавање на возачка дозвола потребно е да поседуваат лекарско уверение издадено од овластена лекарска комисија .
ВАЖНО: Странска возачка дозвола може да се замени за македонска, само на лица државјани на Република Македонија или на лица со постојан престој во Р.Македонија.
СИТЕ ПРОМЕНИ МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК 0Д 15 ДЕНА. АКО ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА СЕ ЗАГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ, СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДУПЛИКАТ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ИЛИ ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА.
Контакт информации
Ибраим Беќири помошник министер во Оддел за граѓански работи
Стандард за доставување (Временски рок)
најдоцна 15 дена
НАПОМЕНА:Полињата во уплатницата означени со XXX се пополнуваат со кодот на Вашата општина.