ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ
Замена на возачка дозвола со измината важност
Барањето за замена на возачката дозвола со измината важност се поднесува лично.
Кон барањето се приложува
*возачка дозвола
*важечкалична карта на увид
* уплатница 280,оо ден,
*уплатница 170,оо денари
НАПОМЕНА: Лекарското уверение за телесна идушевна способност од овластена здравствена организација е потребно во следниве случаи-доколку возачот има навршено 65 годишна возраст-возаш кој има “ Д ” категорија во возачката дозвола-ако возачот има ограничување на важноста за возачката дозвола. Во постапката се продолжува единствено важност на возачка дозвола со истечен рок, односно најрано месец дена пред истекот на нејзината важност.
НАПОМЕНА: Со барењето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка дозвола за кое е потребно:
*пријава за возачка книшка
*уплатница од 100 ден
*фотокопија од лична карта
*фотокопија од возачка дозвола
*2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 см
*Барањето за издавање возачка дозвола се поднесува до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење.
СИТЕ ПРОМЕНИ МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК 0Д 15 ДЕНА. АКО ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА СЕ ЗАГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ, СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДУПЛИКАТ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ИЛИ ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА.
Контакт информации
Ибраим Беќири помошник министер во Оддел за граѓански работи
Стандард за доставување (Временски рок)
15 дена