Издавање дупликат возачка дозвола
ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ
Дупликат возачката дозвола се издава кога оригиналната возачка дозвола е изгубена или украдена. Барањето за издавање на дупликат возачка дозвола се поднесува лично.
Кон барањето се приложува
- важечка лична карта на увид
- објава на изгубена возачка дозвола во Сл. Весниик на Р.М.
- Писмена изјава на возачот со краток опис за времето и местото на губење на возачката дозвола
- Уплатница 280,оо ден.
- Доколку изгубената возачка дозвола е во важност уплатница од 150,оо ден
- Доколку возачката дозвола е со измината важност потребна е уплатница од 210,оо денари.
- Ако изгубената возачка е со измината важност а во неа постои заверена “ Д ” категорија лицето треба да приложи и лекарско уверение.
НАПОМЕНА: Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:
-пријава за возачка книшка
-уплатница од 100,оо ден
-фотокопија од лична карта
-фотокопија од возачка дозвола
- 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм
СИТЕ ПРОМЕНИ МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК 0Д 15 ДЕНА. АКО ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА СЕ ЗАГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ, СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДУПЛИКАТ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ИЛИ ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА.
Контакт информации
Ибраим Беќири помошник министер во Оддел за граѓански работи
Ненад Ѓорѓијевски началник во Одделение за возила и возачи
Стандард за доставување (Временски рок)
15 дена
НАПОМЕНА:Полињата во уплатницата означени со XXX се пополнуваат со кодот на Вашата општина.