Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Прописи

прегледување на пропис

Назив на прописот:   П Р Е Д Л О Г НА ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Ознака на прописот:  
Тип на правен акт:  
Подзаконски акт:  
Законски основ:  
Сектор:  
Надлежно регулаторно тело/институција:  
Краток опис:   Со овој закон се уредува безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата; правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата; должностите во случај на сообраќајна незгода; кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центраи и возачки дозволи; оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца; посебните мерки на безбедност; организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата; евиденциите и заштитата на податоците; прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.
Надлежно подрачје:  
Формалности:  
Препораки:  
Документ: PREDLOG NA ZAKON.doc
Забелешка:
Доколку сакате да оставете коментар на постојните и предложените прописи потребно е да се регистрирате како корисник на регистарот
Најави се
Поставени коментари

Дејан Новковски    24.10.2014 12:24:33
Со членот 156 став (3) од Предлогот на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, како новина, се предвидува обврска за изработување на сообраќаен проект од страна на организаторот на приредба што се одржува на јавен пат во случај кога заради одржување на приредбата е неопходно ограничување или запирање на сообраќајот. Во случај на непочитување на оваа обврска, со ставот (4) се пропишува глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност за организаторот на приредбата на пат, а со ставот (5) од истиот член и глоба од 210 евра во денарска противвредност за одговорното лицe на организаторот на приредбата на пат. Од аспект на досегашната пракса ова решение се чини како сосема непрактично и непотребно и како дополнително оптоварување за организаторите на приредби на пат. Имено, според одредбите на членот 156 став (3) од Предлогот, обврската за изработување на сообраќаен проект паѓа на организаторот на приредбата, при што се поставува прашањето дали ова правно лице ја има потребната стручност, експертиза и ресурси за изработка на ваков проект. Со оглед на тоа дека одговорот на ова прашање е „не“, логично е дека организаторот ќе треба да се обрати на специјализирано правно лице за оваа проблематика кое ќе треба да го изготви сообраќајниот проект и за истото да наплати одреден износ (кој и не е така мал). Имајќи го предвид наведеното, изготвувањето на сообраќајниот проект ќе претставува дополнителна финансиска обврска за организаторот на приредбата која што во постојните услови е само уште еден товар за самиот организатор. Ако се знае дека речиси сите трошоци за одржување на една ваква приредба се покриваат преку соодветни донации и спонзорства (поради минималните буџети со кои располагаат организаторите) воведувањето на оваа нова обврска секако ќе придонесе за натамошно намалување на овој тип на настани/приредби. Од друга страна, изготвувањето на сообраќајниот проект претставува и обврска која го оптоварува и административниот тек на постапката за добивање на одобрение за организација на приредбата. Имено, доколку Министерството за внатрешни работи, како надлежен орган, процени дека сообраќајниот проект не е соодветен и треба да се дополни, дали тоа значи дека организаторот повторно на свој трошок ќе треба да го коригира проектот, што би резултирало со дополнителни финансиски трошоци, време, ресурси и натамошно одолговлекување на постапката. Новите законски решенија треба да се прилагодат на постојните услови во Република Македонија, односно да не се пропишуваат решенија кои делуваат како системски решенија на хартија, а во праксата истите воопшто и да не функционираат, а сето тоа под закана од високи глоби. Можеби ова решение е предвидено и се применува во одредени држави на Европската унија, меѓутоа „пресликувањето“ на законски решенија од развиените држави во македонското законодавство, без притоа да се води сметка за тоа како истите би се применувале во нашето секојдневие, не е најдобар избор за воведување новини. Поради сето горенаве

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава