Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Прописи

прегледување на пропис

Назив на прописот:   План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата
Ознака на прописот:   Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето
Тип на правен акт:  
Подзаконски акт:  
Законски основ:  
Сектор:  
Надлежно регулаторно тело/институција:  
Краток опис:   Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно да ја регулира постапката и условите за набавување, поседување, носење, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, превоз и пренесување преку државната граница на оружје и муниција, отпочна со постапка за изменување и дополнување на Законот за оружјето („Службен весник на РМ“, бр. 7/2005; 47/2006; 42/2007; 86/2008; 72/2010), во насока на заострување на критериумите за набавка и употреба на оружјето за светлосно-звучна сигнализација. Воедно, измени ќе бидат направени со цел зголемување на контролата на пролиферацијата на мало и лесно оружје на територијата на Република Македонија како и други измени во насока на допрецизирање на содржината на текстот на Законот. Измените и дополнувањата на Законот за оружјето, Министерството за внатрешни работи планирано е да ги изготви до крајот на 2012 година. Потребните информации околу текот на постапката за изменување и дополнување на Законот за оружјето може да ги прочитате на веб страницата на Министерството за внатрешни работи (www.moi.gov.mk) и Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Своите коментари, мислење и предлози засегнатите страни и граѓаните на Република Македонија може да ги доставуваат до одговорното лице за контакт во Секторот за односи со јавноста во Министерството за внатрешни работи г-ѓица Марија Јаковлеска на адреса: marija_jakovleska@moi.gov.mk Рокот во кој засегнатите страни и граѓаните на Република Македонија може да ги доставуваат своите коментари, мислење и предлози ќе трае се до објавување на конечната верзија на Предлог текстот за изменување и дополнување на Законот за оружјето кој ќе биде доставен до Владата на Република Македонија.
Надлежно подрачје:  
Формалности:  
Препораки:  
Документ: Plan za oruzje 1012.doc
Забелешка:
Доколку сакате да оставете коментар на постојните и предложените прописи потребно е да се регистрирате како корисник на регистарот
Најави се
Поставени коментари
Нема поставени коментари на предложениот пропис

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава