Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Прописи

прегледување на пропис

Назив на прописот:   Предлог на Закон за приватно обезбедување
Ознака на прописот:  
Тип на правен акт:   Предлог на закон
Подзаконски акт:  
Законски основ:  
Сектор:  
Надлежно регулаторно тело/институција:   Министерство за внатрешни работи
Краток опис:   Министерството за внатрешни работи, согласно законски утврдениот делокруг на надлежности, е овластен носител на Законот за обезбедување на лица и имот, што Собранието на Република Македонија го донесе на 14 декември 1999 година и истиот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/99. На овој начин се создадени правните претпоставки и основи во однос на предметната материја, со што отпочна процесот на практична имплементација на законските решенија во оваа сфера. Наведениот законски пропис во 2007 и 2011 година, со цел усогласување со новонастанатите процеси, претрпе соодветни измени и дополнувања, при што истите се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/07 и 51/11. Со oвoj закон беа направени првите чекори, во создавањето еднакви услови за учество на сите заинтересирани субјекти на овој нов пазар. Обезбедувањето на лица и имот, како специфична дејност, во изминатите години бележи динамичен прогрес, условен од созревањето на демократските и пазарните процеси во Република Македонија. Во овој контекст, неопходен е соодветен одговор на новите трендови и предизвици во оваа област. Законот за обезбедување на лица и имот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/99, 66/07 и 51/11) ги уредува условите и начинот на обезбедување на лица и имот. Меѓутоа, практичната примена на Законот укажува дека е неопходно дополнително регулирање на одредени прашања, како и внесување новини во оваа област, со цел следење на промените кои се случуваат во праксата. Поради наведеното, Министерството за внатрешни работи се одлучи за изработка нов закон, насловен Закон за приватно обезбедување. Промената во називот на законскиот пропис има за цел да направи суштинска дистинкција помеѓу обезбедувањето на лица и имот што е во надлежност на одредени органи на државната управа од обезбедувањето на лица и имот што го вршат правните лица за обезбедување во вид на услуги, односно за сопствени потреби. Впрочем, називот Закон за приватно обезбедување го сле
Надлежно подрачје:   Внатрешни работи
Формалности:  
Препораки:  
Документ: 3.Zakon za privatno obezbeduvanje 16.10..2012 god FINA.doc
Забелешка:
Доколку сакате да оставете коментар на постојните и предложените прописи потребно е да се регистрирате како корисник на регистарот
Најави се
Поставени коментари
Нема поставени коментари на предложениот пропис

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава