Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Прописи

прегледување на пропис

Назив на прописот:   Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи
Ознака на прописот:   Закон
Тип на правен акт:   Предлог на закон
Подзаконски акт:  
Законски основ:  
Сектор:  
Надлежно регулаторно тело/институција:   Министерство за внатрешни работи
Краток опис:   Oсновната заложба при изготвувањето на предложениот закон, е создавање на правен основ и можност да Министерството ги прекинува договорите за вработување на овластените службени лица, со навршување на 40 години пензиски стаж, без оглед на неговите години на возраст, со цел намалување на бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи, во духот на реформите и достигнување на препорачаниот сооднос на бројот на граѓани и бројот на припадници на полицијата 1:300 (еден полицаец на триста жители), како и надминување на проблеми при практичното имплементирање на законот. Исто така и со предметниот Предлог закон се интервенира во членот 88 став 1 алинеја 2 и став (2) од Законот за внатрешни работи, кој го регулира прашањето на распоредување по потреба на Министерството за внатрешни работи, во случај на промени во организациската структура или во однос на бројот на работните места, а нема потреба да се намали бројот на вработените во Министерството. Имено при обемни и сериозни структурални промени во организациската структура на Министерството за внатрешни работи, не постои практична можност за имплементација на постојните одредби при утврдените услови. Од наведените причини се предлага работникот чие работно место е укинато да биде распореден на друго работно место, при што доколку не постои слободно работно место на кое се вршат исти или сродни работи со работите што се вршат на работното место од кое работникот се распоредува да се води сметка исклучиво за исполнување на условите од членот 85 алинеи 1, 2 и 3 на законот. Во прилог на наведеното е и постојното решение утврдено со Законот за државните службеници. Имено согласно член 82 од наведениот закон, доколку државниот службеник чие работно место е укинато одбие понудено непосредно пониско звање, во случај на одбивање на државниот службеник му престанува вработувањето.
Надлежно подрачје:   Внатрешни работи
Формалности:  
Препораки:  
Документ: zvr.izmeni..doc
Забелешка:
Доколку сакате да оставете коментар на постојните и предложените прописи потребно е да се регистрирате како корисник на регистарот
Најави се
Поставени коментари
Нема поставени коментари на предложениот пропис

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава