Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Прописи

прегледување на пропис

Назив на прописот:   Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците
Ознака на прописот:   Законот за странците (,,Службен весник на Република Македонија” бр.35/06, 66/07, 117/08, 92/09)
Тип на правен акт:   Предлог на закон за изменување и дополнување на закон
Подзаконски акт:  
Законски основ:  
Сектор:  
Надлежно регулаторно тело/институција:   Министерство за внатрешни работи
Краток опис:   Со измените и дополнувањата на Законот за странците се предвидува содржинско допрецизирање и континуирано подобрување на националното законодавство во областа на странците, со цел утврдување на конзистентна регулатива односно прецизна правна рамка за уредување на предметната област. Имено, во услови кога прекршочните органи се соочени со неизвршување на нивните одлуки во прекршочните постапки поведени против сторители на прекршоци – странски државјани, што имплицира штетни последици како за државата, така и за прекршочните органи кои постапуваат по овие прекршоците сторени од странски државјани, а со цел надминување на посочениот проблем, се предлага можност за одбивање на влез во Република Македонија, на странецот кој не постапил согласно правосилна одлука за сторен прекршок донесена од страна на надлежен суд односно надлежен прекршочен орган на територијата на Република Македонија. Воедно, имајќи ја предвид констатираната потреба за воспоставување национална Интегрирана база за странци, во која би се вклучиле податоци за азил, миграции и визи, со законот се предвидува правен основ за нејзино воспоставување и функционирање. Согласно потребата од утврдување на прецизна правна рамка за уредување на предметната област преку соодветно допрецизирање на конкретните одредби од Законот за странците, а со цел нивно подобрување и усогласување со решенијата согласно компаративните искуства на европските земји, во законот се извршени интервенции со цел ревидирање на рокот за пријавување на странецот кој во Република Македонија престојува до три месеци - од 24 на 48 часа, како и предвидување временски рок од шест месеци во кој Министерството за внатрешни работи е должно да одлучи по барањето за издавање на дозвола за постојан престој на странецот во нашата држава.
Надлежно подрачје:   Внатрешни работи
Формалности:  
Препораки:  
Документ: Zak.za izmenuvanje i dopolnuvanje na Zak.za strancite, 09.2010.doc
Забелешка:
Доколку сакате да оставете коментар на постојните и предложените прописи потребно е да се регистрирате како корисник на регистарот
Најави се
Поставени коментари
Нема поставени коментари на предложениот пропис

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава