Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Прописи

прегледување на пропис

Назив на прописот:   Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето по скратена постапка
Ознака на прописот:   Законот за оружјето (“Службен весник на Република Македонија” бр.7/05, 47/06, 42/07 и 86/08)
Тип на правен акт:   Предлог на закон за изменување и дополнување на закон
Подзаконски акт:  
Законски основ:  
Сектор:  
Надлежно регулаторно тело/институција:   Министерство за внатрешни работи
Краток опис:   Со изменувањата и дополнувањата на Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ број 42/07) беше предвидено дека дозволите за поседување и носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени по досегашните прописи мора да се заменат најдоцна во рок од три години од денот на влегување во сила на овие изменувања и дополнувања, односно најдоцна до 13.04.2010 година. Врз основа на анализа на статистичките податоци со кои располага Министерството за внатрешни работи се утврди дека во периодот од три години пререгистрирани се околу 5 % од регистрираното оружје, па затоа се предлага одложување на крајниот рок на замена на постојните дозволи за уште седум години. Заради надминување на правниот вакум во однос на обврската за замена на постојните дозволи со нови дозволи се предлага донесување на овој закон по скратена постапка. Исто така, со предложените изменувања се предлага прецизирање на содржината на одредени одредби од Законот за оружјето, допрецизирање на материјата посветена на колекционерското и старинското оружје и можност за повторна легализација и доброволно предавање на оружјето. Исто така, за оружје и муниција одземени во кривична и прекршочна постапка се врши усогласување со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 98/08).
Надлежно подрачје:   Министерство за внатрешни работи
Формалности:  
Препораки:  
Документ: predlog zakon skratena postapka 18.03.2010.pdf
Забелешка:
Доколку сакате да оставете коментар на постојните и предложените прописи потребно е да се регистрирате како корисник на регистарот
Најави се
Поставени коментари

dejan trenkoski    20.04.2010 10:55:22
Ме интересира, зошто е потребна обука за ракување со огнено оружје за лица кои аплицираат за добивање ( Одобрение за набавка на оружје), а истите имаат регулирано воена обврска, значи имаат многу поголемо познавање за оружјето , отколку што се нуди со обуката која е пропишана со овој закон. Нели е фер( не популистички!!!), одредбата за полагање на овој испит да важи за апликантите што немаат регулирано воена обврска? Се надевам дека ова мое размислување ќе го разгледате и дека ќе ме удостоите со одговор.Однапред ви благодарам и ве поздравувам!!!

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава