Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Прописи

прегледување на пропис

Назив на прописот:   Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
Ознака на прописот:   „Службен весник на Република Македонија“ број 54/07, 86/08, 98/08 и 64/09
Тип на правен акт:   Министерство за внатрешни работи
Подзаконски акт:  
Законски основ:  
Сектор:   Сообраќај, складирање и врски
Надлежно регулаторно тело/институција:  
Краток опис:   Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата содржи решенија и содржинско односно терминолошко-техничко допрецизирање на одредени одредби во функција на нивна соодветна практична имплементација, како и соодветни измени и дополнувања во делот на прекршочните одредби кои се однесуваат на правните лица, односно одговорните лица во правните лице, со цел заострување на казненеата политика за посочените субјекти кога истите се јавуваат како учесници во сообраќајот на патиштата.
Надлежно подрачје:  
Формалности:  
Препораки:  
Документ: ZBSP, posledna verzija18.09.09.pdf
Забелешка: Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е достапен за коментари на ЕНЕР од 22.09.2009 година
Доколку сакате да оставете коментар на постојните и предложените прописи потребно е да се регистрирате како корисник на регистарот
Најави се
Поставени коментари

Илија Илиевски    17.10.2011 20:39:08
Пред десетина дена имам поставено коментар, но истиот не е објавен.Ме интересира во што е проблемот?

Darko Iliev    02.10.2011 23:06:34
zosto vo ispitnite centri nema clenovi vo komisiite od sekoja avto skola pa da se vidi dali ocenuvanjeto e realno.....

Darko Iliev    02.10.2011 22:28:51
pod hitno da se usvoi predlogot na ILIJA ILIEVSKI....BRAVO ZA PREDLOGOT....COVEKOT VISTINSKI GI POZNAVA PROBLEMITE NA TERENOT...SAMO DALI GI ZNAAT PROBLEMITE TIE STO GO PISUVAAT ZAKONOT ILI SAMO PREPISUVAAT....VO HRVATSKA ISPITNITE CENTRI PADNAA RADI MONOPOL I NEREALNO OCENUVANJE(POVEKE PATI POLAGANJE,POVEKE PARI ZA GAZDITE NA ISPITNITE CENTRI)...A VO MAKEDONIJA?????????????????????????????

Илија Илиевски    08.12.2010 14:55:14
По професија сум дипл.правник и возач инструктор од А,Б,Ц,Д и Е категорија.Во чл.252 ст.1 од ЗБСП е предвидено дека оспособувањето на кандидатот за возач на моторно возило се врши на уреден простор што за та цел ќе го одобри МВР во согласност со Министерството за транспорт и врски. Праксата покажува дека оваа решение не е нај целисходно, бидејќи за да се совладаат тематските единици за бочно, косо и полукружно свртување и тоа во импровизирани гаражи,на кандидатот за возач му се потребни 15-20 мото/часа од задолжителните 36 м/ч.Во ваков случај инструкторот не е во состојба оспособувањето на кандитатот да го врши според предвидената наставна програма, затоа што кандидатите најмногу се заинтересирани да го совладаат полигонското возење т.е. првиот дел од практичниот испит, на кој испит и комисиите се најригорозни. ПРЕДЛОГ: Да се разгледа можноста за измена на оваа законска одредба и измена на чл.30-32 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити (Сл.весник бр.103/07) и почетното оспособување на кандидатите за возачи да се врши на нефрекфентни сообраќајни површини по кои не се одвива интензивен-динамичен сообраќај, а полагањето на практичниот дел од возачкиот испит да се состои исклучиво од возење во градски услови,како и проверка на кандидатот за косо, бочно паркирање,полукружно свртување и употреба на помошна сопирачка во реални и конкретни сообраќајни ситуации, а не во импровизирани услови. ПОСЕБЕН ПРЕДЛОГ: За да се створат подеднакви услови за стопанисување на пазарот за сите правни субјекти, за да се избегне монополското однесување и познатите за МВР проблеми од досегашното функционирање на Испитните центри, според соодветните организациони еденици-СВР на МВР,предлагам да се разгледа можноста за измена на чл.2 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити (Сл.весник бр.103/07) и наместо да се овластуваат само осум испитни центри на територијата на РМ, да се даде можност на секое правно лице кое ќе ги исполни потребните услови да може да добие овластување и лиценца за спроведување на возачки испит,која ќе биде со неограничена важност (затоа што во секој момент доколку МВР констатира неправилности при спроведувањето на возачкиот испит може на испитниот центар да му ја одземе лиценцата за работа) или во најмала рака да се овластат барем шеснаесет, односно по два испитни центри согласно организационата поставеност на МВР.

Илија Илиевски    08.12.2010 14:54:34

Илија Илиевски    08.12.2010 14:53:02

Stefce Trendafilov    08.05.2010 11:30:53
Нов сум во групата и сакам да прашам ? Јас сум сообраќаен инзинер 6 степен (виша) работам како инструктор во авто школа ме интересира за случај кога кандидатот за возач има оштетување во видот или на едното око речиси 100% а со другото нема остетување поголемо од 20% не сум сретнал во законот и нема убаво појаснето во делот проверка на здравствената состојба на кандидат за возач со инвалидитет и трајно оштетување. Дали може ваков случај да има право да врси обука и полага возачки испит и со какво возило би се извршувала обуката . Благотарам Стефче Трендафилов

Илија Николов    27.02.2010 10:42:28
Во членот 376 потребна е измена односно додавање на нова алинеја во која ќе биде апсолвирана забрана за управување со МВ, доколку од страна на сторител на прекршок е предизвикана сообраќајна незгода со прекршок кај кој е предвидена глоба од 30 евра.

Бобан Стојаноски    22.10.2009 14:53:31
Почитувани, Ја сум Дипл.инж.Бобан Стојаноски сообр.инж., СУДСКО ВЕШТО ЛИЦЕ ОД ОБЛАСТА НА СООБРАЌАЈОТ од 2000 год., со извршени преку 1500 судски вештачења во кривична и граѓанска постапка. Бидејќи сум директен учесник во определувањето на причинителот на сообраќајната незгода, би сакал да Ви укажам на слабостите кои ги има ЗБСП од повеќе аспекти , но во овој момент би се осврнал на толкувањето на чл. 225 ст.1 ., односно негово непочитување казниво е сшпоред истиот член под ст.5 (250 ЕУР) и според ова помеѓу граѓаните се деува страшно , а полицијата веднаш се заканува со казна. НО ПОТРЕБНО Е ДА СЕ НАПОМЕНЕ ДЕКА И ДА ИМ СЕ УКАЖЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ДЕКА СЕ ДОЛЖНИ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ЛИЦЕ МЕСТО, ДА ИЗГОТВАТ СКИЦА И ФОТОДОКУМЕНТАЦИЈА согасно чл.226 алинеа5 (Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:возачите не можат да ги усогласат мислењата во врска со начинот и околностите под кои се случила сообраќајната незгода,) Ова значи дека кога возачите не можат да се спогодат за начинот на случување на сообраќајната незгода , ПОЛИЦИСКИТЕ СУЖБЕНИЦИ се должни да излезат на лице место и да изготват скица и фото документација од самото место, а која што скица и фотодокументација , понатаму ќе бидат основа за утврдување на начин на управување на возилата од учесниците, брзини на возење и ПРИЧИНАТА ЗА СООБРАЌАЈНАТА НЕЗГОДА. Во конкретниов случај би напоменал дека нема потреба од било какво модифицирање на на Чл.225, туку на полициските службеници на им СЕ НАПОМЕНИ ДЕКА СЕ ДОЛЖНИ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ЛИЦЕ МЕСТО согасно Чл.226 и воедно да изготват скица и фотодокументација од самото место . Се надевам дека ќе добијам повратна информација од Ваша страна на мојот коментар, а за слабостите од ЗБСП за кои би предожил да се корегираат би доставил друг коментар. Волонтерски би се пријави за учество во креирањето на ЗБСП бидејќи поседувам огромно искуство и самата проблематика сум ја согеда од повеќе аспекти. Со почитување, СУДСКО ВЕШТО ЛИЦЕ ОД ОБЛАСТА НА СООБРАЌАЈОТ дипл.инж.Бобан Стојаноски сообр.инж. Mob.070308213 e-mail:s_boban@yahoo.com

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава