РОДЕН: 05.10.1965 година во Скопје
ОБРАЗОВАНИЕ: Завршен Факултет за Безбеднoст во 1989 година, како дипломиран криминалист.
РАБОТНО ИСКУСТВО:
- Прво вработување на 10.01.1990 година во ПС-Бит Пазар како приправник - дежурен полицаец;
- Од 01.07.1990 година работи како дежурен полицаец во ПС- Ѓорче Петров;
- Од 1991 до 1992 година работи како водич на сектор во ПС- Ѓорче Петров;
- Од 01.11.1993 до 01.03.1997 година работи како заменик командир на ПС- Рашче, а потоа како командир на ПС- Драчево;
- Од осми месец 1999 година работи како командир на ПС- Кисела Вода;
- На 15.07.2000 година поставен е за началник на ОВР- Кисела Вода до 05.09 2001 година кога е поставен за Помошник Министер за СВР Скопје;
- Од 05.12.2002 година работи како главен инспектор за гранични инциденти во Секторот за странци при МВР;
- Од 01.06.2004 година работи како главен инспектор за гранични инциденти за Југ и за Запад;
Од почетокот на 2005 година работи како главен инспектор за илегална миграција и прекуграничен криминал во Одделот за гранични работи, а со реформирањето на истиот во септември 2005 година станува советник за илегална миграција и прекуграничен криминал во Секторот за гранични работи;
- Од јуни 2006 година станува виш полициски советник за илегална миграција и прекуграничен криминал во Секторот за гранични работи;
- Од 05.09.2006 година е назначен за Помошник директор во Секторот за гранични работи при Бирото за Јавна Безбедност.