Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

ДИРЕКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ
ШТАБ НА НАТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  
НАТО соработка учество на вежби и курсеви


1/14

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ РЕГИСТАР  ЗА СОРАБОТКА СО НАТО  И БЕЗБЕДНОСТ НА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ

 

Во Министерството за внатрешни работи, како орган на државната управа и дел од извршната власт надлежно за остварување на системот на јавна и државна безбедност, согласно новиот акт на систематизација ,од Ноември 2013 година, работи под директна надлежност на Бирото за јавна безбедност – Регистар за соработка со НАТО и безбедност на класифицирани информации.,задолжен за имплементација на активностите во согласност со Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО АПЧ – (МАП) -) Membership Action Plan - процесот е инициран на Вашингтонскиот Самит 1999 година, како помош на земјите аспиранти во лоцирањето на одредени проблеми од политичко-економски, безбедносен карактер, начинот на нивното решавање и воспоставување интеоперабилност со критериумите и стандардите со земјите членки на Алијансата,
 интеграција во Европската унија, а особено активностите кои се во делокруг на работа на Министерството за внатрешни работи; со две стратешки задачи:

1.Спроведување на плановите за соработка на Министерството за внатрешни работи во активностите сврзани со НАТО, земјите членки на НАТО и Евроатланскиот партнерски совет во делот на колективните системи за безбедност а од делот на Министерството а тоа се активностите на меѓународниот и национален кризен менаџмент,подготовка на клучен перонал за мировни операции предводени од меѓунарони организаации,вежби,цивилно воена соработка и други.

Во рамки на надлежностите се и
2.Организирање, подготвување, спроведување и следење на активностите за остварување на безбедносни аранжмани сврзани со прием, класификација, размена, заштита и чување на информации меѓу Министерството за внатрешни работи и НАТО/ЕУ и билатерални класифицирани информации,
  
Од особено значење во функционирањето на Регистарот за странски класифицирани информации, надлежно за прием, евидентирање и распространување  на  странските класифицирани информации кои на министерството му се отстапени на користење, а кои се прибавени преку размена на класифицирани информации помеѓу Република Македонија и странска држава или меѓународна организација како и комуникација, соработка и размена на странски класифицирани информации,
Регистарот за странски класифицирани информации врши и работи од надлежност на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, преку која се врши размена на класифицирани информации со странски земји и меѓународни организации.

Активности:
- унапредување на соработката со претставниците на службите во НАТО и со претставниците на земјите членки на НАТО
- редовни консултации со Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје
- координација со Работната Група на Работниот Комитет за интеграција на РМ во НАТО
- воспоставена блиска соработка со претставниците на КФОР на Косово
- вклученост во изготвувањето на стратешки документи на земјата (ГНП, ПАРП, )
- Учество и работа во работната група на НБОП во МНР, за реализација и исполнување на НПАА во делот на ЕБОП и ЗНБП за 2014 година во ЕУ.

Настани

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава