Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  

ДИРЕКТОР НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ
м-р Митко Чавков

 

Роден: 24.01.1963

Образование:

Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје во 1986 година. Во периодот од 2002 до 2010 година посетува повеќе едукативни обуки и специјализации како што се Академиите за спроведување на законите во Росвел - САД, и Будимпешта - Унгарија; потоа обука за напредните стратегии во истражните техники за организираниот криминал во организација на ОБСЕ; обуки при Академијата за судии и обвинители на РМ а во соработка со програми на американската влада; низа студиски престои во Интерпол, Еуроџаст и Еуропол и друго. Во декември 2011 година магистрира на темата “Криминалистичкото разузнавање во борбата против организираниот криминал“.

Работно искуство:

По завршувањето на академското образование се вработува во МВР. Од 1992 до средината на 1999 година е прв човек на Секторот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, а од 1999 до 2001 година е заменик началник на СВР Струмица. Од 2005 година до септември 2006 година главен инспектор за финансиски криминал при Одделот за организиран криминал, а од 2006 до април 2012 година е шеф на Одделот за организиран кримина (денес Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал). Од април 2012 година до мај 2013 година е прв човек на Централните полициски служби. Од мај 2013 е директор на Бирото за јавна безбедност.

 

  

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава